А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Уставен создава можност да биде амнестиран за сите коруптивни афери по поразот на следните избори

by А1он29/11/2019 - 14:07414
Share0

„Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира.

Добивај вести на вибер

Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт.

Дали е ова цената за продажбата на Македонија? Сето она што не се успеа да се исплати преку амнестиите во парламентот сега треба да биде довршено од Уставниот суд.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да престане со притисоци врз судската власт и да престане да ја потценува македонската јавност со предлози и теми кои треба да го оттргнат вниманието од криминалот и корупцијата што во моментов ја пустошат Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmneZaev

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто