ВМРО-ДПМНЕ: Заев полека но сигурно останува сам, го напуштаат и коалициски партнери и членството

Од:

„СДСМ со Заев стана приватна компанија во која султанот Заев што ќе одлучи партиските органи само верификуваат. Тоа го говори членството на СДСМ и нивните партнери. Затоа сме сведоци на самостоен настап на коалиционите партнери БЕСА, на ЛДП, ДОМ, Бошњачки Демократски Сојуз, но и самостојните кандидатури на Максим Димитриевски во Куманово и Зоран Ногачевски во Дебарца“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ со Заев стана извор на проблеми и расколи заради неговиот недемократски капацитет и катастрофалните политики. Коалицијата на СДСМ пропаѓа, затоа што во Заев и СДСМ веќе никој не гледа иднина. Заев полека но сигурно останува сам и затоа кандидира лица кои се дебело поврзани со криминогените структури на чие чело е лично тој. Затоа во Куманово го кандидира роднината на Оливер Спасовски, а во Битола го кандидира бизнис партнерот на Вице Заев.

Заев како што ќе наближува изборниот пораз ќе станува се поочаен и понервозен, но тоа ќе бидат неговите последни чекори. Само пораз на Заев ќе значи подобро за Македонија, вклучително и за членовите на СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ