ВМРО-ДПМНЕ: Заев покажа дека нема чувство за државност

Од:

Зоран Заев покажа дека вистината е една и единствена, и дека од неа, дури и со сечени, прилепувани и монтирани материјали, какви што тој употребува, не може да се избега, се наведува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на СДСМ.

– Зоран Заев со денешната прес конференција на оваа тема покажа дека нема никакво чувство за државност, ниту осет за националните и стратешки интереси…Практично ја олесни позицијата на Република Грција и ги откри преговарачките тактики на Република Македонија. Денес е повеќе од јасно дека Заев е обичен инструмент за дестабилизација и дека спроведува однапред напишано сценарио, спротивно на државните интереси, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната прес-конференција на СДСМ, како што е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, е само жална потврда за нарачателите на ова сценарио и улогата на инстументот Заев кој има задача да го спроведе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски