ВМРО-ДПМНЕ: Заев одработува за странски центри на штета на државата

Од:

Зоран Заев свесно продолжи да одработува за странските центри и нивните агентури во државава, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани. Заев потврдува дека материјалите кои ги употребува се креирани во соработка со странски центри, а тој е инструмент во спроведувањето на нивното сценарио, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според владејачката партија, СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните туку, како што наведува, единствено се добри кога станува збор за исполнување туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава.

– Заев веќе подолго време е дел од ова смислено сценарио, тој беше човек кој јавно соопштуваше дека целата држава треба да ја свитка кичмата, кој по СМС-пораки и писма информираше дека на власт ќе го донесат пријателите од странство, со свое јавно признание пред премиерот кому му потврдил дека креираните материјали се од странски служби, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата наведува дека целта на сценариото на СДСМ е провидна и оти се доведуваат во ситуација да влезат во серија противречности и од минута во минута се демантираат самите себеси.

– Зоран Заев во своето обраќање на прес-конференции искажа еден куп лаги, конструкции и невистинити квалификации кои се во функција на остварување на сценарио за разнебитување на државата, со цел да дојде на власт без да ја има довербата од граѓаните. Заев нека продолжи да се занимава со одработување на туѓи сценариа, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за реалните потреби на граѓаните, да спроведува проекти и програма која ќе го подобри нивното секојдневие. Тоа е разликата и таа разлика граѓаните ја препознаваат на избори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски