ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема правна основа и аргументација за доказите што ги доставува до Обвинителството

Од:

Не е суштината во тоа дали ќе се поднесат 1000 или 2000 страници хартија, туку дали тие имаат или немаат правна основа и аргументација. За случаите кои се водат пред надлежните институции против Зоран Заев, постојат непобитни докази, факти, признанија и правни аргументи.

Ова се вели на реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако Зоран Заев во петок до јавното обвинителство достави докази за случаите „Пуч“ и „Поткуп“.

„Креираните материјали кои Заев очајно се обидува да ги прикаже како докази, се нелегално прибавени, преку противзаконско прислушување кое го спроведувале неговите соработници на чело со Зоран Верушевски, а во соработка со странски служби. Тоа им е јасно на сите граѓани. Ова е факт кој Зоран Заев со ниту една монтажа или манипулација не може да го побие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, првото тврдење на Заев дека Груевски и Мијалков прислушувале пропаднало, па затоа сега, како што велат од владејачката партија, Заев се обидува да си пронајде нова патека за да излезе од калта во која е заглавен.

„Јасна е намерата на Заев, кога веќе не може да ја придобие поддршката на граѓаните, преку конструкции и манипулации, да продолжи да го спроведува своето деструктивно сценарио со креирање дестабилизација, дигање тензии па дури и поттикнување насилство, само за да се добере до власт. Ова сценарио е веќе прочитано. Заев ја доби пораката од граѓаните дека не му веруваат. Токму граѓаните ќе бидат тие кои политички ќе им пресудат конечно на Заев и СДСМ за лагите и деструктивните политики кои ги прават спротивно на државните и националните интереси“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски