ВМРО-ДПМНЕ: Заев не собра храброст да ги отфрли уцените

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев остана на тиранската платформа која значи редефинирање на Република Македонија. Зоран Заев не собра храброст да ги отфрли уцените и јавно да се откаже од тиранската платформа и реализирањето на елементите во неа.

Одлуката на аболицираниот криминалец Зоран Заев беше одлука на еден обичен измамник. Наместо да соопшти јасен став, тој се обиде да го лаже народот криејќи се зад некакви експерти. Најновата манипулација на аболицираниот Заев е дека експерти на СДСМ и ДУИ ќе кажувале дали ќе се менуваат банкнотите, химната, грбот. Тие ќе кажувале дали ќе се менуваат униформите и дали борците ќе се осудат за геноцид. Аболицираниот Зоран Заев само ќе отварал дебати по сите прашања од највисок државен и национален интерес.

Истиот овој Заев до вчера криеше какви се детали договорил и какви се отстапки направил само за да ги добие потписите на пратениците од албанските партии. До вчера лажеше дека зборувале само за начела и принципи, а откако јавноста го откри сега призна дека договорил и Закон за јазици. Го сокри законот и не го презентираше текстот затоа што знае дека е катастрофален.

На овој човек не може да му се верува. Тој е подготвен да ги одмолчи И навредите на Зијадин Села дека не постои македонски идентитет и дека пред 100 години немало Македонци. Карактер како аболицираниот криминалец Зоран Заев е подготвен да го претстави и Зијадин Села како реформатор само за да ги добие неговите потписи.

Народот не сака ваква тиранска влада!

Затоа на Зоран Заев и СДСМ, како ВМРО-ДПМНЕ му нудиме две решенија.

Едното е ја одбие јасно и гласно тиранската платформа по сите точки и да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на малцинска влада.

Второто е да прифати распишување на нови парламентарни избори, заедно со локалните, на кои граѓаните ќе може кристално јасно да се произнесат за партиската програма, вклучително и таа на СДСМ, па дури и во себе да ја содржи тиранската платформа, без да имаат чувство дека се изборно измамени.

Граѓаните и јавноста чекаат Зоран Заев да се одважи и барем еднаш да застане зад националните и државните интереси“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски