ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го оквалификува претседателот на СДСМ Зоран Заев како „заробеник на желба за власт подготвен да проголта секаква антидржавна изјава само за да направи влада“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, коалициските партнери на Заев од Алијанса за Албанците вчера уште еднаш потврдиле дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, односно дека ќе коалицираат заради исполнување на барањата од т.н „тиранската платформа“ со СДСМ.

– Заев не излезе и не го осуди својот иден коалициски партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати. Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на „тиранската платформа“. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи влада, се вели во соопштението.

За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, се додава во соопштението, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела