ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува

Од:

„Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува како што и почна со предавство и понижувања донесени на целиот народ.

Потребата да пишува дека е Македонец кај Заев се јавува зошто продава се друго. Попусто се пишува Македонец ако тоа не е признаено од соседите и ако продава јазик, историја, идентитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Четири години Заев е власт и четири години немаме мрднато на полето на евроинтеграциите. Четири години е власт и Заев нема идентитетско обележје кое не го има донесе под прашање.

Сега оваа битка на Заев е да ја сочува фотелјата во СДСМ. Внатрешните проблеми сака да ги прикаже како проблеми на државата. Изворот на сите проблеми е Зоран Заев. Премиерот во заминување Заев и неговата квислиншка влада мора да паднат за да Македонија почне да победува.

Нема друг премиер во светот кој молчи на навредите од официјални лица од други земји како што тоа го прави Зоран Заев. А, молчи зошто квинслингот Заев има путер на главата. Затоа што игра нечесно и се коцка со светите работи на народот. Доста е, Заев мора да си оди за да дојде слобода за народот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче