ВМРО-ДПМНЕ: Заев не дозволува професионална истрага за рекетот

Од:

СДСМ и Зоран Заев се ставаат во заштита и промоција на криминалот и продолжуваат да ја бранат Катица Јанева. СДСМ со сите сили се обидува да ја одолговлекува целата постапка за да не може да се спроведе независна истрага која ќе стигне до Зоран Заев кој е главата на овој криминален рекетарски октопод, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Медиумите секојдневно објавуваат нови информации за вмешаност на функционери од СДСМ во аферата Рекет. Затоа СДСМ одбиваат да ја разрешат Јанева, бидејќи со тоа што ја бранат Јанева, тие се бранат самите себе.

Повеќе е од јасно е дека наредбите доаѓале од Зоран Заев бидејќи невозможно е Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец цела година да вршат рекет, а за тоа власта да не знаела и да не му давала ветар во грб.

Фактот дека Јанева беше притворена дури по месец дена и што јавниот обвинител постапува по нејзина наредба од притвор говори дека намерите СДСМ и Зоран Заев се Рекет да не добие ефективна правна разрешница.

Невиден преседан и удар врз правниот систем во Република Македонија е Јавниот обвинител да постапува по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба.

Очигледно е дека Зоран Заев наместо одговорност и соодветни санкции сака амнестија на криминалот и не дозволува професионална истрага за рекетот, а ниту независно обвинителство.

Заев е исплашен човек и знае дека со независен јавен обвинител тој ќе треба да одговара за рекетот, но и за сите местенки кои заедно со Катица Јанева ги конструирале злоупотребувајќи го СЈО.

Потребно е независно обвинителство кое нема да биде компромитирано како што е СЈО и ќе биде ослободено од прангите на оваа криминално рекетарска влада. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за конечно СДСМ и Заев си заминат и да се врати правната држава и довербата на граѓаните во системот во Република Македонија.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ