А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев на семејствата на егзекутираните момчиња на велики четврток им ја вети вистината, сега ги крие информациите

by А1он21/04/2018 - 09:2421/04/2018 - 09:26188
Share0

„Косовскиот Премиер Рамуш Харадинај на семејствата на терористите дојдени од Косово во Диво Насеље им додели финансиска помош, а косовските правосудни органи одлучија да не и ги екстрадираат на Македонија Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотна казна затвор за масакрот кај Смилковско езеро.

Следете a1on на Instagram Instagram

Зоран Заев на семејствата на брутално егзекутираните момчиња на велики четврток им ја вети вистината, а сега ги крие информациите со кого од неговата коалиција контактирале убијците.

Заев додека го дегустираше своето вино во опуштена атмосфера со Харадинај, ниту еднаш не помисли на семејствата на жртвите од случајот Монструм и не се обиде да го искористи својот авторитет кај неговиот колега Харадинај за екстрадиција на убијците во бегство Демири и Исмаиловиќ.

Заев продолжува со нечовечкото однесување и поигрување со судбините на семејствата на свирепо убиените деца кај Смилковското езеро. Со месеци и тој бесрамно ги лажеше и манипулираше семејствата на жртвите на масакарот.
СДСМ и Зоран Заев го искористија на најсрамен начин за собирање на политички поени овој грозоморен настан.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пред изборите ги лажеше родителите на убиените како и целата македонска јавноста дека ќе ја соопшти вистината за Смилковското езеро. Сега кога седна во премиерската фотелја Заев ги заборави своите ветувања. Сега тој срамно ја крие вистината.

Зоран Заев мора да запре со прикривањето на докази и да се тргне од патот на правдата. Единствено нешто што се промени со случајот „Монструм“ откако Заев е премиер е тоа што обвинетите се најдоа на слобода токму како што предвидуваше тиранската платформа.

Власта сите лаги и манипулации на СДСМ и Заев, очајнички се обидува да ги прикрие со нови лаги и монтирани обвиненија против оние кои први предупредија кое е вистинското негово лице. Уставобранителите кои се обидоа да ги заштитат македонските национални интереси и први застанаа против Тиранската платформа и антидржавните политики на СДСМ и Заев први се најдоа на мета на оваа власт.

Патриотите кои застана во одбрана на државата мора да бидат ослободени. Додека вистински терористи се наоѓаат на слобода, уметници, глумци и интелектуалци само поради својата љубов кон татковината се наоѓаат во притвор.

Обвинителството мора да почне да се бави со гонење на вистинските криминалци и да го разреши случајот „Монструм“.

Судот мора да се ослободи од стегите на власта, а судиите да најдат доблест наместо политика да спроведуваат правда. Заев мора да си замине од власт за да профункционира правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnemonstrumZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео