ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажеше во вчерашното интервју

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше и оти имаше несигурен и површен настап, со многу празнини во однос на политиките кои планира да ги реализира новата Влада.

– Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше, а лагите не може да ги покријат очекувањата на граѓаните од новата Влада и ветувањата кои ги даваше. Синоќешниот настап во јавноста предизвика сериозна загриженост во однос на капацитетот на Заев и неговата Влада заради правецот во кој во иднина ќе се движи Република Македонија. Заев упорно повторуваше дека е оптимист, но прашање е колку граѓаните може да бидат оптимисти, рече челнот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната партиска прес-конференција.

Тој посочи дека лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните и додаде дека тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не, како што потенцира, со манипулации и дезинформации да ги дефокусира од обврските кои ги презеде.

– Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Заев излажа дека во Буџетот се останати само 6 милиони евра. Неговиот министер за финансии се пофали дека на 5 јуни се исплатени околу 77 милиони евра од Буџетот на име на субвенции, стипендии и пензии. Вистината е дека новата влада на СДС во буџетот доби 130 милиони евра, освен ако Заев не сакаше несвесно да признае дека 124 милиони евра мистериозно исчезнале, рече Мицкоски.

Нагласи дека Заев лажел и дека јавниот долг изнесувал над 50 отсто од БДП, а скриениот долг изнесувал над милијарда евра.

– Фактичката состојба гласи дека јавниот долг на 30.04.2017 година изнесувал 45,9 отсто. Со овие паушални бројки и лаги, Зоран Заев и практично го загрозува кредитниот рејтинг на Република Македонија и ризикува кредиторите во иднина да бараат повисоки каматни стапки, прецизира Мицкоски и додаде дека начинот на кој Заев пристапува кон суштинските прашања е крајно несериозен и загрижува.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата