ВМРО-ДПМНЕ: Заев кој организираше талибански избори, сега талибански ќе попишува, нема да признаеме таков попис

Од:

„Заев кој организираше талибански избори, сега талибански ќе попишува. Пижама премиерот Заев го злоупотребува европското знаменце при носење на Законот за попис. Законот за попис не е материја со која се усогласува нашето законодавство со тоа на ЕУ, па да треба европско знаменце.

Пописот се спроведува како политички договор, а не како статистичка операција. Власта ги води сите работи без консултација на опозицијата. До сега не кажале по каков метод планираат да го извршат пописот. Со криењето на методот оставаат дополнителен сомнеж пред се во јавноста“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Според начинот на кој СДСМ сака да го спроведе пописот во државата можат да излезат и нереално да се избројат и 3 милиони жители, што во ниту еден случај нема да соодветствува со реалноста.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават 10.000 терминали и да се попише резидентното население. Тие терминали ќе бидат со можност за отисок од прст и само така ќе се изврши реален попис, кој ќе ни даде реални статистички информации.

Со терминали за отисок од прст ќе се изврши реален увид на сите резидентни граѓани, и со тоа ќе се изврши дистинкција од граѓаните кои имаат државјанство, од актуелните резиденти.

Туркање на пописот на сила е кобно за државата. Токму затоа попис каков што планира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да признае“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски