ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе замине во историјата како најлош премиер

Од:

Истекува мандатот на Заев и тој никогаш повеќе нема да биде премиер на Република Македонија. Заев ќе остане запаметен како премиер кој целосно заборави на пензионерите. Пензионерите не забораваат дека Заев за цела 2019 им одзема 6 900 денари, велат од СДСМ.

„Срамно е и безобразно оваа влада да се фали дека води грижа за стечајните работници кога оваа категорија се појави како резултат на претходни лоши политики на СДСМ.

Заев ќе остане запаметен и како премиер кој се обиде на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, да ги злоупотреби помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.

Но, Заев добро знае дека доаѓа неговиот крај. По 12 Април тој ќе замине во историјата како најлош премиер.

По победата на 12 Април новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе правдата, промената и обновата на Република Македонија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски