ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе одговара за целата неправда која ја нанесе во државата

Од:

„Зоран Заев е на чело на рекетарската банда која три години ја пустошеше македонската држава. Зоран Заев го уништи правниот систем во државата. Тој од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и Катица Јанева која како тогашен прв човек на СЈО работела во координација и по наредба на Заев. На овој начин Заев ја фрли државата во бездна.

За ова Заев мора да одговара за злоупотребата на службената положба. Мора да одговара пред правдата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинителството треба да го повика Заев на распит за снимката која се појави во јавноста каде јасно се слуша дека тој нарачувал пресуди, а не да го штити и крие.

Наместо со право, Русковска се бавеше со политика. Самата се пофали дека присуствувала на протести организирани од СДСМ. Во судница сега прави се само да не се открие кој е главата на октоподот.

Главна мисија на Рускоска е имињата на Зоран и Вице Заев да не се слушнат во судница, да не бидат повикани на распит и да не завршат зад решетки.

По 12 Април Македонија повторно ќе биде правна држава. Сите оние кои се огрешиле пред законот и оние кои наместо да ги гонат криминалците се ставија во одбрана на криминалот ќе одговараат“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му