ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја прикрива својата неспособност со расправање со соседите

Од:

„Зоран Заев ја прикрива својата неспособност и аматеризам со обвинување и расправање со соседите и нашите партнери. Црнилото во кое државата е завиена од страна на власта пропратено со политички прогон е главниот виновник за се негативно што и се случува на државата.

Обвинувањето на наши стратешки партнери како НАТО и нашите соседи со кои имаме одлична соработка како држава за сопствената неспособност е чист дилетантизам и не и оди во прилог на Република Македонија, туку ја продлабочува дупката во која е западната државата, поради Заев и црната власт.

Република Македонија е држава во која под власт на црниот СДСМ владее насилието, а владеењето на правото е непознат поим. Правната држава е деградирана, а институциите се користат за политички прогон, ова е пропуст на власта и Зоран Заев лично.

Политичкиот прогон кој се спроведува под покровителство на СДСМ не е демократска вредност. Нашите стратешки партнери не треба да бидат средство за перење на грешките на Заев и картелот околу него.

Црнилото во кое е втурната Република Македонија е токму заради Заев кој за ситни политички поени е спремен да ги наруши стратешките интереси на државата само за да остане на власт.

НАТО е стратешки партнер на Република Македонија и организација кон која се стремиме, таа не е и не може да биде оправдување за нечии пропусти и аматеризам. Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се наши земји пријатели и тие исто така не се виновни за неспособноста на Заев и црниот СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев во Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он