ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја остави земјата без вакцини, народ умира по болнички ходници

Од:

„Зоран Заев наместо да се фати за работа, оди по соседството и се моли за вакцини. Вакцини не доби од Грција, не доби ниту од Бугарија, а вакцината која како милостиња му ја даде Вучиќ уште не е стигната ниту во Србија, а Заев побрза да се пофали дека измолил вакцини кои друг ги договорил, нарачал и платил.

Да го послушаше Заев ВМРО-ДПМНЕ требаше да стапи во контакт со светските производители уште при крајот на претходната година, кога тоа го правеа сите земји од регионот и светот. Но тогаш Заев се надеваше на донации, и наместо да се фати за работа тргна да моли. Вакцини сега пристигнуваат секаде, само нема во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат.

Бараме веднаш да запре со циркусот и да се фати за работа. Доколку не може да испреговара за вакцини нека побара помош, чесно е да каже дека е неспособен.

Народот умира по болнички ходници, додека се чека вакцина. Ситуацијата бара сериозност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус