ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја користи истата тактика на Црвенковски за барање изговори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека претседателот на СДСМ Зоран Заев ја користи истата тактика на Црвенковски за барање алиби и изговори, зошто не треба да има избори.

Дури, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, и воопшто не се разликува во изборот на зборови од него ако се споредат нивните прес- конференции.

– Тие зад  лажната храброст која сакаат да ја демонстрираат за да си го охрабрат членството кое и самото со потсмев гледа на овие нивни настапи,  евидентно покажуваат во нивниот поглед израз на изгубеност и надеж избори да не се случат. Како и да е, ако се суди по тоа што господниот Заев го кажува,  иако и малите деца се свесни дека човекот бега од избори  како ѓавол од темјан, ние остануваме да работиме посветено да го оствариме тоа што сме го ветиле пред граѓаните,  истовремено имајќи ја на ум желбата и подготвеноста на господниот Заев изразувана во континуитет, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев.

Што се однесува до тезата дека изборите биле криминални, таа теза, според ВМРО-ДПМНЕ, покажува само колку се отсечени од реалноста и не се свесни за фактот како граѓаните гледаат на нив, а да не говориме за фактот  дека со самото тоа, тој самиот себеси се нарекува криминален градоначалник, со што Зоран Заев ја продолжува својата блескава кариера на политички гафови кои долго ќе се паметат.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана