ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја довлечка државата на дното на Европа

Од:

„Режимот на Заев е недемократски, хибриден и коруптивен. Режимот на Заев е антимакедонски.

Криминално рекетарската влада на СДСМ и Зоран Заев ја довлечка државата на дното на Европа и светот според индексот на корупција.

На листата на Транспаренси Интернешнал, Македонија се најде на 106 место во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска, податок кој говори дека власта предводена од аболицираниот Заев и неговиот наследни Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција на највисоко ниво“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, што дополнително го потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата, рекетирањето ескалира, а институциите не реагираат под притисок на власта.

Според угледното списание „Економист“ Република Македонија е оценета како хибриден режим што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

Македонија е земја во која кршењето на законите, селективната правда, узурпирањето на институциите стануваат редовен декор.

Затоа инвеститорите бегаат, а економијата тоне. Затоа Македонија е земја од регионот со најнизок раст на платите за 2019 година, а според Евростат дури 36,9 проценти од домаќинствата имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци.

Додека граѓаните стануваат се посиромашни, високите функционери од власта си делат милионски тендери на криминален начин.

Македонија мора да се справи со корупцијата. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени, а синџирот на корумпираност во високите кругови на власта на СДСМ мора да се прекине.

На 12-ти април доаѓа обнова на Македонија. По 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ – никогаш повеќе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски