ВМРО-ДПМНЕ: Заев инсталира свој пиун во СДСМ во името на Ковачевски, тоа е доказ дека ја приватизирал во целост партијата

Од:

„СДСМ прави театар со изборите на нов лидер. Веќе на сите им е јасно дека лидер на СДСМ останува Зоран Заев, а Димитар Ковачевски ќе биде само негов пиун. За каква демократија зборува Заев кога само потврди дека СДСМ ја претворил во приватна компанија, испостава на кланот Заеви, во која ангажира само обичен менаџер. Впрочем затоа 20 илјади членови на СДСМ помалку се пријавиле за гласање, затоа што се разочарани од Заев и заевизмот и целата фарса со изборот на „нов лидер“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму пиунот Ковачевски треба да менаџира со заевизмот во СДСМ. Ништо не се менува. Апсолутно останува истата матрица која Македонија ја претвори во најкорумпирана држава во Европа, земја на нарко мафијата во која шверцање на 1 тон дрога е нормална работа, во која нема фонд кој не се злоупотребува, земја во која над 600 илјади луѓе живеат во сиромаштија, земја во која 16 милијарди евра се потрошија за 4 години а ништо не се изгради, земја без перспектива со најсиромашен и најнесреќен народ. Македонија доволно страдаше од заевизмот и не и треба продолжување на тонењето со пиунот Ковачевски.

Македонија треба да расчисти со заевизмот и пиуните на Заев за да напредува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ