ВМРО-ДПМНЕ: Заев има уплав од сопствениот народ

Од:

„Зоран Заев има уплав од сопствениот народ, затоа панично и нервозно реагира на масовните сенародни протести на кои јасно и гласно му се кажува НЕ на неговите штетни и погрешни политики.

Додека тие се затвораат во сали или говорат пред десетина партиски поддржувачи, огромното мнозинство е на улиците и се противи на нивниот капитулантски договор со кој се загрозуваат државните и национални интереси, со кој се менува името, со кој се менува Уставот и со кој се загрозуваат историската, национална и културна посебност на македонскиот народ.

Затоа СДСМ и Заев мораат со скапи реклами да ја манипулираат јавноста со истите лаги со кои ги лажеа граѓаните пред две години. Народот виде со какви криминогени типови си има работа. Виде дека лажат со секој кажан збор. Виде дека овие не се способни ни месна заедница да водат а не пак држава. Виде дека крадат на секој чекор со иновативни методи и тендери кои си ги делат на фирмите на партиските функционери. Овие ликови од власта немаат кредибилитет ниту капацитет да ја внесат Македонија во ЕУ, бидејќи се корумпирани и компромитирани до коска, а тоа сигурно не се европски вредности.

Напредокот и европската иднина на Македонија се градат со многу работа и посветеност, а не со организиран грабеж кој што го прават на сопствениот народ и сопствената татковина под превезот на референдумот и прашањето за името.
Затоа е стравот на СДСМ и Заев од своите граѓани и ние тоа го разбираме. Тие знаат дека народ никој не може да победи, затоа што во народот е силата. Тие знаат дека Македонија на крајот ќе победи!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче