А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ зад себе немаат ниту еден позитивен проект или реформа

by А1он13/12/2015 - 17:27210
Share0

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обраќањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, наведува дека Заев и СДСМ зад себе немаат ниту еден позитивен проект  или реформа која би била од полза за граѓаните и оти ваквата деструкција и неработењето Заев се обиде да го покрие со нови лаги и нереални ветувања.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во реакцијата наведуваат дека мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ мислат дека колку лагите и нереалните ветувања се поголеми, толку побргу ќе ги изманипулираат граѓаните и ќе ги натераат да заборават на нивното катастрофално, антидржавно однесување.

– Народот во Македонија тоа го знае. Народот нема да дозволи повторно да биде прелажан со лагите и ветувањата на СДСМ. На 24-ти април граѓаните ќе имаат можност да одберат помеѓу погубната политика на СДСМ и нивните големи лаги и помеѓу делата и конкретната програма која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ која ја пишува заедно со граѓаните, стои во реакцијата во која се додава дека  остануваат уште само 132 дена до соочувањето на СДСМ, со народот.

Според ВМРО-ДПМНЕ остануваат само уште 132 дена до катастрофалниот пораз на СДСМ и нивната безидејна и деструктивна политика.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес уште еднаш ги потценија и понижија граѓаните и покажаа колку се плашат од престојните избори на 24-ти април, наведуваат во реакцијата и додаваат дека во минатото Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска ветуваа по еден вработен од секое семејство, а сега мултимилионерот Заев ветува дека ќе ја врати средната класа.

– Мултимилионерот Зоран Заев за Струмица вети: 300 фабрики и 3000 вработувања, парк за ИТ компании, нови училници во Баница, три детски градинки, терени за голф, уредено Турско маало, асфалтирање на локални улици и уште десетици други лажни ветувања. Резултатот од сето ова е само една голема нула. Мултимилионерот Заев сега ветува 550 километри автопат и 1000 километри локални патишта, стои во реакцијата.

Додаваат дека Заев кој ги препраќаше локалните бизнисмени во Струмица во менувачницата на Вицето да даваат по едно евро за метар квадратен, сега има образ да ветува дека ќе им обезбеди поддршка на малите и средни претпријатија од цела Македонија, дека партијата на Заев која ги тепаше земјоделците и не им даде ни денар субвенција кога беше на власт сега ветува дека ќе планирал вистински земјоделски развој, како и за тоа дека додека пред меѓународни судови се води спор за попречување на конкуренцијата во мобилната телефонија од страна на Влада на СДСМ, Заев  ветува дека истата партија ќе обезбедела нова конкуренција на мобилните оператори.

– Партијата на мултимилионерот Заев ветува економски напредок, а истата ја спроведе мрачната транзиција  која остави зад себе рекордна невработеност од 39 отсто, затворени 684 фабрики, криминална приватизација и над 200.000 отпуштени работници. СДСМ во своето владеење остави пустош кој до ден денес остава последици, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека колку и да се труд Заев своите нови лаги да ги спакува во безлични политички флоскули, граѓаните го имаат веќе прочитано.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 12:39

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он05/10/2026 - 13:37

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 12:50

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 10:41

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео