ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ треба да го чујат гласот на народот

Од:

„Зоран Заев си поигрува со националните и државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден се погласно и погласно.

Впрочем граѓаните кои го дадоа својот глас за наводниот план за живот, а добија план за редефинирање на државата се најразочарани.

Последното кое граѓаните можеа да го видат од Зоран Заев е неговата соработка со Зијадин Села, човекот кој македонскиот народ го множи со нула, кој не признава македонски идентитет, кој не ја почитува македонската химна и македонското знаме.

Зарем со овој човек Зоран Заев е подготвен да коалицира само за да се добере до власт. Зоран Заев покажува дека не само што е подготвен да прифати Тиранска Платформа и да води диктирана тиранска влада, туку е подготвен да го моли за потписи и човекот кој отворено кажува дека македонскиот народ не постои.

Ете до каде е подготвен Заев само за да дојде до власт и така да се спаси од судските постапки кои се водат против него, да ги забошоти скандалите со „Цареви Кули“, „Едно евро за Вицето“, случајот со „Струмица гас“ и редица други криминогени постапки. Ова на Заев му е поважно отколку знамето, името, грбот, химната и јазикот во Македонија.

Затоа граѓаните оправдано стравуваат дека Македонија е на прагот да биде разнебитена.

Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од Тиранската Платформа и намерата да води тиранска Влада и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска Влада или второто, да излезе повторно на соочување со народот, па ако сака нека ја искористи Тиранската Платформа како основа на својата партиска изборна програма, која граѓаните ќе може јасно да ја прифатат или отфрлат.

Само така граѓаните ќе знаат дека не се изборно измамени од страна на СДСМ и Зоран Заев.

Зоран Заев и СДСМ треба да го чујат гласот на народот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата