ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС ја претвораат државата во алатка на партијата

Од:

„Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата.

Заев и другите челници на СДС додека беа опозиција го проблематизираа фактот што Гордана Јанкулоска беше и министер и партиски функционер. Сега граѓаните гледаат дека едно е СДС во опозиција, а друго е СДС на власт.

Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, како што СДС ветуваше пред избори, тој сега е унапреден во потпретседател на СДС.

Оливер Спасовски е назначен за поптпретседател на СДС, бидејќи треба да ги реализира нарачаните партиски чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои во изминатиов период работеа на случаите против криминалците и наркодилерите блиски до Заев.

Граѓаните јасно гледаат дека преклопувањето на партијата со министерството за внатрешни работи е дел од стратегијата на СДС да ги стави под своја капа органите на прогонот и правосудниот систем. Оваа стратегија започна со заканите кон судиите за генерален реизбор, а продолжи со иницијативата на Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“.

Со ова Заев сака да се спаси себе си од кривично гонење и процесуирање на кривичните пријави против него и луѓето блиски до него.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДС. Тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не пред партиските наредби на потпретседателот на СДС или кој било друг партиски функционер“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните