А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Рашковски со измислици сакаат на улица да остават стотина вработени од помалите етнички заедници

by А1он28/08/2017 - 18:38157
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираат на соопштението на Владата за вработените во јавната администрација кои добивале плата, а не се појавувале на работа.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Она што Заев и Рашковски го прават е незаконски и ќе дојде време кога ќе одговараат. Ќе одговараат и Заев и Рашковски, но и сите оние во администрацијата кои доброволно или под закана им помагаат во незаконските дејанија. Зад превезот и измислиците дека има злоупотреби тие сакаат да остават на улица стотина вработени најголем дел припадници на помалите етнички заедници. Ова е директна дискриминација на турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница. Тие на овој начин го одвлекуваат вниманието од вистинските злоупотреби и незаконски именувања кои ги прават. Прават линч и дискриминација на многу заедници, ова е доказ за партиско политичка дискриминација.

СДС ја преполни владата со скапо платени српски советници, твитерџии, шарени револуционери, луѓе од подземјето, насилници, и луѓе кои Заев смета дека треба да бидат наградени само затоа што му помогнале во кампања. Затоа на СДС му треба да бара виновници и луѓе кои би ги бркал од работа. На Заев му се потребни места за да ги задоволува партиските апетити. Последната манипулација на СДС не е ништо друго туку обид на грбот на припадниците на помалите етнички заедници да се отвори простор за оние на кои Заев се уште им должи. Покрај тоа, Заев и Рашковски занесени во мислата дека вечно ќе се на власт и можат да прават што сакаат без за тоа еден ден да се соочат со одговорност, сакаат истовремено да покренуваат нови хајки кон поранешни функционери. Сите овие незрели и во вознес донесени одлуки еден ден ќе им се вратат како бумеранг.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите оние кои совесно си ја работеле работата да не потклекнуваат на притисоците. Забеганоста и арогантното кршење на законите нема да траат вечно. Со заминување на СДС од власт ќе бидат преиспитани сите сведочења на лицата кои биле под притисок на СДС. Правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за тоа што го сторил. Рашковски и Заев нема вечно да се на власт. Ќе се сменат улогите“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он05/10/2026 - 11:41

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео