ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговата криминална банда донесоа срамна одлука со која се брише името на државата

Од:

„Владата на Зоран Заев ја зави Македонија во црно. Со газењето на волјата на граѓаните, Заев и неговата криминална банда донесоа срамна и незаконска одлука со која се брише името на државата, се менуваат идентитетот, јазикот, културата и историјата.

Заев гази се пред себе само со една цел, да се задржи на власт колку што е можно повеќе и да се богати преку тендерите во четири очи.

Државата стагнира веќе две години. Наместо реформи и проекти Заев посегна по распродажба на државни и национални интереси заради богатење на неговиот клан.

Здравството секојдневно паѓа во невиден хаос, образованието се помалку функционира, а пак економијата е пред колапс.

Црнилата станаа секојдневие на македонскиот народ. Зоран Заев е синоним на црнило кое што и се случува на Македонија веќе две години.

Време е Заев и неговиот криминален картел да си заминат од власта. Граѓаните црнилото ќе го тргнат со пенкало во рака на предвремените парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела