ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека власта доцни со кампањата за вакцинација повеќе од девет месеци.

„По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против корона, во Македонија ништо не беше на повидок ниту вакцини, ниту пак како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат. Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација. Во меѓувреме, ги поделија на граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања. Филипче и Заев ако сакаат да ги мотивираат граѓаните има милион начини како да го сторат. Но, доцнат премногу. Поради нивната неспособност се случи и четврти бран, поради нивна неспособност не е организиран здравствениот систем за ниту еден бран од почетокот на пандемијата, поради нивната неспособност бројката на починати од корона се движи кон шест илјади починати“, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми