ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се возат на мотори кои вредат колку две противпожарни возила

Од:

„Глобал гореше, штетите се огромни, а на терен спасија само храбрите пожарникари, кои со натчовечки напори се справуваа со пожарот. И нивната работа ќе беше полесна, ако Заев наместо мотори за него од 30.000 евра купеше противпожарни возила за Струмица.

Во истиот ден кога беше пожарот, Заев и Филипче со пет мотори во вредност од над 150.000 евра дивееја по Беласица“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Со 150.000 евра се купуваат две противпожарни возила, и се обештетуваат 15 бизниси со по 10.000 евра.

Доколку Заев сакаше да покаже солидарност тоа можеше да го стори, но наместо за народот, Заев се расфрла со скапи и луксузни работи.

Кому му е гајле што Глобал нема противпожарен систем и хидрантска мрежа, важно Заеви имаат мотори од 150.000 евра.

И сега наместо владата да излезе и уште на прва седница да исплати обештетување за засегнатите и оштетени субјекти штетата ќе се покрива од донации. Врв на неспособност и лицемерие“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус