ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче прават се да ја уништат економијата, ама ништо за да ги намалат бројките на заразени и да ги згрижат пациентите

Од:

„Венко Филипче и Зоран Заев, и покрај тоа што четвртиот бран гази во Македонија и има дневно повеќе од илјада заболени, се без компас. И не само што има голем број на заболени во едно деноноќие, и не само што опозицијата и експертите предупредуваа, Заев и Филипче не направија ништо“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Здравствениот систем не беше подготвен ни за првите три брана на корона, не е подготвен ниту за овој четврти. И како би бил кога ништо не направија како што треба.

Мерките кои ги воведоа, а дел и ќе ги воведуваат од први септември освен што внесуваат конфузија и што се во насока на уништување на економијата, секторот угостителството, веќе не се од никаква помош за намалување на бројките на заболените.

Заев и Филипче единствено се вешти за земање на провизии.

Друго се што прават е уништување. Сега ја уништуваат економијата, а не се организирани да ги згрижат пациентите, уште помалку да се намали бројката на заболени.

Затоа веќе не се чека одговор од нив, туку заминување од функциите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ