ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче потфрлија, Македонија е помеѓу земјите со најголема смртност од Ковид-19 во Европа

Од:

„Заев и Филипче потфрлија. Македонија според Би Би Си е една од земјите со најголема смрттност во Европа. Според нив бројот на умрени на 100 илјади жители е 34.6, што е 10 пати повеќе од бројот на починати од корона во Грција на истиот број на жители.

Македонија под палката на Заев и Филипче има 737 починати и над 17 илјади заразени од коронавирус, иако првичните прогнози им беа дека бројот на заразени нема да оди над 2000. Се што кажаа излажаа.

Заев и Филипче не беа способни да се справат со коронакризата. Македонија не е излезена од првиот бран, кој постојано доживува нови пикови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во сред лето со СДСМ и нивната неспособност имавме троцифрена бројка на заразени секој ден.

Со почетокот на есента се очекува и вирусот да се шири во позасилено темпо, но Заев и Филипче немаат направено ништо да превенираат евентуални катастрофи. Ветија 16 монтажни болници, и ништо од тоа нема.

Целиот процес на управување на Заев и Филипче е под ниво. Секојдневно медицински лица, лекари и сестри си заминуваат од државата поради лошиот однос кон нив.

Од фелата алармираат дека Македонија ќе се соочи со масовни заминувања на медицински лица по завршување на коронакризата, тоа е последица на нечовечкиот однос на лицата од власта, за што најодговорни се Заев и Филипче. Македонија само тоне. Со Заев и Филипче пред колапс е и здравството.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да си заминат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски