А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска да кажат во кои градови трајно ќе вдомат мигранти

by А1он10/08/2017 - 14:3710/08/2017 - 14:38213
Share0

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз има обврска да ја штити територијата на Република Македонија и интересите на нејзините граѓани, а не да ја претвора земјата во бегалски камп за мигранти.

Добивај вести на вибер

Владата на Социјалдемократскиот сојуз, Заев и Царовска од Република Македонија планираат да направат бегалски камп за трајно згрижување и вдомување на мигрантите од таканаречената „Балканска рута”.

Со усвојување на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година и Акцискиот план и непромислените чекори на владата на Социјалдемократскиот сојуз и министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска, се доведува во опасна ситуација целокупната демографска, безбедносна и економска состојба на нашата земја.

Зоран Заев и Мила Царовска, наместо да се кријат зад партиски соопшенија, треба да излезат и јавно да и соопштат на јавноста и на граѓаните што точно ветиле и каде се, односно во кои градови ќе се прават згради за трајно вдомување на мигрантите, предвидено со Стратегијата за бегалци и странци 2017-2020 година.

Граѓаните се должни да знаат и со право се загрижени од информациите дека ќе се прават бегалски кампови во повеќето градови низ Македонија, а особено се загрижени од фактот што Социјалдемократскиот сојуз на шверцерски начин ќе може да даде државјанства на преку 200.000 бегалци, со цел нивно трајно вдомување и населување во државата.

Ваквиот несериозен потег на Социјалдемократскиот сојуз ќе направи сериозно нарушување и дисбаланс во демографската структура на Република Македонија.

Поради ваквиот несериозен однос кој СДС го има кон државата и граѓаните,ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за промена на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи, Социјалдемократскиот сојуз и Заев и подари нивната неспособност и некадарност во водењето на државата, поради одработување на нечии туѓи штетни агенди, цехот да го плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Задкулисните и матни игри кои ги прави Социјалдемократскиот сојуз, граѓаните почнуваат полека да ги разоткриваат и препознаваат и нивниот суд Социјалдемократскиот сојуз ќе го види и почуствува на следните локалните избори,каде ќе доживее пораз“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

dpmne

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен