ВМРО-ДПМНЕ: Заев и 80-те очајни пратеници не добиле мандат да го бришат името

Од:

„Зоран Заев и 80-те очајни пратеници не добиле мандат да го бришат името, идентитетот, историјата, традицијата и културата.

Ниту тие од СДСМ и владејачката коалиција, ниту оние кои го поддржаа Заев а беа избрани на листите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, не добиле глас за реализација на антидржавните политики.

Самиот Заев гарантираше дека Уставот нема да се менува бидејќи бил одлучен и европски.

На измамникот Заев зборот му траеше од еден до друг криминален тендер и одлучи да се откаже од се што е македонско и да ги прифати грчките максималистички барања.

Македонскиот Устав нема потреба и не треба да се менува.

Тоа беше јасно порачано и од македонските граѓани кои не дадоа поддршка на референдумот и се спротиставија на менување на името на Република Македонија, нејзините историја, култура и традиција.

Референдумот доживеа фијаско, граѓаните не дадоа легитимитет на промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нивната волја, власта и пратениците мора да ја почитуваат, а не насилнички да ја погазуваат.

Зоран Заев и СДСМ наместо да се соочат со волјата на граѓаните и да го признаат поразот, се решија да ја силуваат демократијата и институциите.

На насилнички и крајно недемократски начин ги погазија правдата и правната држава и со тоа ставија точка за понатамошен демократски напредок на Република Македонија.

Конечно на виделина се покажа вистинската причина за заднината на политичкиот прогон, монтираните и нарачани обвиненија на СЈО и настаните од 27 април и затворањето на пратеници.

Крајната цел на целиот политички терор од страна на власта се покажа дека е уцена за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се спроведе преспанскиот договор и да се промени името на државата.

Ваквото насилство и силување на државата, но и волјата на македонскиот народ се повеќе го поларизира општеството и ја однародува власта. Погазени се човековите права и достоинството на граѓаните на Република Македонија на кои Зоран Заев им го одзеде правото на самоидентификација.

Ова срамно и капитулантско дело на Зоран Заев нема никогаш да заживее кај македонскиот народ не се откажал и нема да се откаже од Македонија и од својот идентитет.

Затоа Зоран Заев и СДСМ многу скоро ќе се соочат со граѓаните, а нивната ненародна и криминална власт ќе замине во историјата како единствена власт која потпишала бришење на името на Република Македонија, јазикот, културата, историјата и традицијата на државата. Македонија и македонскиот народ победувале и повторно ќе победат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања