ВМРО-ДПМНЕ: Заев е полн со агресија, гнев и паника

Од:

Граѓаните на Република Македонија на 13 април со огромниот пораз му упатија јасна порака, но Заев не ја разбра и не сака да ја прифати, затоа на 27 април пораката, односно неговиот пораз, ќе е уште поголема и уште појасен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

„Заев си го покажува своето вистинско лице. Со секој поминат ден граѓаните разбираат колку овој човек е полн со агресија, со гнев, со паника, граѓаните разбираат колкава нервоза има кај Зоран Заев и колкав страв има од поразот на изборите. Зоран Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик. Зоран Заев ги потврдува многуте наши прес конференции за него и неговиот начин на кој работи. Овој Зоран Заев, кој деновиве може да го видат сите граѓание, всушност е иститот Зоран Заев кој е аболициран за криминал од повеќе од 8 милиони евра, е истиот Зоран Заев кој се закануваше дека живи луѓе ќе јаде, дека ќе се пука. Овој Заев е оној Заев кој се закануваше дека од чистачка па нагоре ќе ги брка сите од работа. Овој Зоран Заев е истиот Зоран Заев кој си делел огромни тендери на фирмите на неговиот татко, чичко, брат, братучеди, снаи. Овој Зоран Заев е истито оној кој не знае колку пари и имот има тој и неговата фамилија. Овој Зоран Заев е вистинскиот Зоран Заев. Добро е што граѓаните имаат можност да го видат. Добро е што сам, носен од срамот и гневот од изборниот пораз, си го покажува вистинското лице“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања