ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најголемиот губитник на изборите, оставка веднаш

Од:

„Зоран Заев е најголемиот губитник на изборите. Зоран Заев изгуби со повеќе од 100 илјади гласа разлика. Иако по катастрофалниот пораз ја најави својата фејсбук оставка, веќе цели 2 недели граѓаните очекуваа дека барем едно свое дадено ветување ќе си го исполни“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторно се докажа максимата дека Зоран Заев никогаш не си стои на зборот, па затоа мораше да измисли нова фраза, досега не позната, повлекување на оставката на неопределено време.

Наместо оставка, за да си ја продолжи својата политичка кариера, премиерот во заминување Заев се дрзна дури и да киднапира народен избраник, се со цел да не му се изгласа недоверба во Собранието.

Со ваквиот негов чекор очигледно е дека тој државата ја смета дека е еден нарко картел, па почна да киднапира луѓе за да продолжи криминалот на кланот Заеви.

Македонија со оваа картелска власт секој ден се повеќе тоне економски, граѓаните осиромашуваат, а криминалот и корупцијата растат.

Граѓаните јасно покажаа дека се против оваа криминална власт, и падот на оваа најкриминална власт до сега ќе дојде многу брзо. Колку повеќе се препелкаат во калта, толку поболен ќе им биде падот од власт.

Оставката на Зоран Заев за многу брзо ќе му ја испорачаат граѓаните. Но по падот на Заев и целата криминална влада, одговорност ќе има за секого“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ