ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лажоман кој по корона изборите, селективните партиски прослави и по 2.194 мртви реши да прави рестрикции

Од:

„Заев е лажоман кој по корона изборите, селективните партиски прослави и по 2.194 мртви реши да прави рестрикции.

Тоа што на стартот на кампањата на 21 ноември за корона изборите во Штип имаше 1.487 починати, а денес има 2.194 починати од КОВИД-19 за Заев не значи ништо.

Свесен ли е за Заев дека само за време на кампањата за корона изборите починаа околу 700 лица? Очигледно не!“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„За Заев беше важно да го продолжи трендот на криминално-талибански избори како оние што беа на 15 јули. За Заев беше важно неговиот кандидат Сашко Николов наместо да ги лечи граѓаните да седне во локалната фотелја и очигледно да ги тераат бизнис интересите. За Заев беше важно да изигра оро по прес конференцијата со кандидатот за градоначалник. За Заев беше важно неговата екипа да седне во кафеана да се напие, да се слика, да се гушка како Николов, Костадин Костадинов да не виделе кафеана. А кога би го направиле тоа, ако сега не. За нив сега е време кога има корона, кога на ден има по повеќе од дваесеттина починати.

И откако помина игранката, без никакви протоколи, бидејќи тие се и недопирливи веќе ден потоа донесоа мерки, ќе затворат кафулиња, ресторани. Важно нивната игранка помина, што е важно што им се случуваше на граѓаните, што е важно што молат кај стигнат за терапија, за болнички кревет.

Време за мерки е токму сега откако поминаа изборите во Штип, откако се провеселија, и откако бројката на починати е 2.194. А нели тоа беше проценката на неговиот министер Венко Филипче дека толку ќе има заболени од корона?!

Но, Филипче очигледно е дека веќе не знае кој бран е, кој пик, кој се заразува. Зошто би знаел нешто да направи за граѓаните кога бизнисот добро врви.
Граѓаните ги навредија и ги потценија!

Затоа време е за одговорност, време е за оставка на надлежните за севкупната ситуација во државава!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче