ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен дека ќе лежи во затвор

Од:

„Граѓаните на 11-ти декември гласаа за излез од кризата, проекти и просперитет. Граѓаните на 11-ти декември гласаа против политиката на деструкција и кризи која ја практикува аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Граѓаните ги прочитаа неговите манипулации и ја испратија најсилната порака дека не поддржуваат криминогени ликови кои се кријат зад политичката функција.

Сега клептоманот Зоран Заев е во паника. Аболицираниот криминалец е исплашен дека ќе одговара за криминалот и дека ќе лежи во затвор за барањето поткуп, за тендерите, за кражбите и за велепредавството. Ова се последните очајнички обиди на Зоран Заев да ја продолжи кризата и да остане на слобода.

Затоа аболицираниот Зоран Заев лаже. Затоа аболицираниот Зоран Заев е подготвен на секакви отстапки и ветува се и сешто.

Човекот кој јавно кажа дека им барал мито на сите бизнисмени во Струмица кои барале услуги од општината, што по закон им следуваат, сега е во паника и подготвен е да стори се за да одбегне враќање таму од каде што Бранко Црвенковски го извлече со аболицијата, за која не побара поништување“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата