ВМРО-ДПМНЕ: Заев даде лажни ветувања

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Струмица Зоран Заев, на своите сограѓани во Струмица им има дадено повеќе десетици лажни ветувања, за проекти што не ги реализирал во неговите мандати.

– Зоран Заев е градоначалник на Струмица исклучиво благодарејќи на манипулациите и приграбувања на туѓите проекти и заслуги. Тоа што тој го ветува на избори останува само мртво слово на хартија, изјави Александар Колев.

Иако вети изградба на канализациони системи во сите населени места со над 500 жители, до ден денес и после два негови мандати, посочи тој, канализација не е изградена во селата Водоча, Вељуса, Попчево, Рич, Просениково, Сачево, Свидовица, Габрово, Баница.

– Од целосно уредување на индустриска зона Сачево и создавање две нови индустриски зони Крива Река и Свидовица – Куклиш, што Заев ги ветуваше, граѓаните сеуште може да видат само празни полјани. Од ветените 16 фабрики нема  поставени ниту темели, а пак, индустриските зони Крива Река и Свидовица, ниту се обележани како индустриски зона ниту пак имаат соодветна инфраструктура, изјави Колев.

Струмичкиот градоначалник Заев, како што наведе, ветил, но не исполнил и целосно завршување на реставрација на симболот на Струмица – Цареви Кули.

Според него, Заев им вети на струмичани и изградба на Младински културен центар, намалување на надоместот за уредување на градежно земјиште до 100% во зависност во исполнувањето на девет критериуми, укинување на обрвската за плаќање фирмарина во првата година од работата на фирмата, развој на селскиот  туризам во Дорломбос и Мемешли. Ветил, а не направил и парк и шеталиште во турската маала, триесет станови кои бесплатно ќе ги додели на користење на социјални случаи и млади брачни парови и изградба затворен базен и уште многу други проекти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски