ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си даде оставка, изгуби со над 100.000 гласови разлика, тоа е најслабиот резултат на неговата партија

Од:

„Губитникот Заев да си даде оставка, изгуби со над 100.000 гласови разлика. Тоа е најслабиот резултат на неговата партија. Заев изгуби над 40 општини. Народот во над 40 општини избра промени. Владата на Заев е делегитимирана. Тој мораше да киднапира пратеник за да може да остане да владее и да краде“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со такви методи на присила не се исклучува можноста тој и да го зголеми мнозинството за пратеник или два, но сето тоа кратко ќе трае, затоа што народот е за промени, и револтот кај граѓаните кон Заев и неговите насилнички методи е се поголем.

Заев е политичарот поради кој сме на 111 место на Транспаренси, на врвот на листата во Европа по бројот на починати од КОВИД на еден милион жители. Заев е виновен затоа што земјата е ословена како хибриден режим, за 215 пасоши издадени на белосветски криминалци, за шверцот со дрога во која беше фатен возач на член на неговото семејство.

Заев е виновен затоа што државата е во енергетска криза, за инфлацијата и за лошата живеачка. Заев е причината за сите порази. Заев мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ