ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори како 70.000 нелегални прислушувани разговори се најдоа кај криминалци

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и СДСМ мора да и одговорат на јавноста како 70.000 од вкупно 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори со кои нелегално располагаат, како што тврдат самите, се најдоа во рацете на нивните членови, познати криминалци, со кои раководството на партијата било во постојан контакт, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на партиското соопштение на СДСМ.

– Заев и СДСМ мора на народот да му одговорат зошто предавајќи 70.000 разговори на осудени криминалци од СДСМ свесно доведоа во опасност од уцена и изнуда илјадници македонски граѓани, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ, како што се наведува, треба да и одговори на јавноста за што разговараше со криминалецот Захир Бекири, кој во моментов е во затвор поради изнуда, што договориле Заев и Чаушот за време на средбата во канцеларијата на Заев, Заев и СДСМ треба да одговорат зошто Оливер Спасовски бараше истрагата да биде бавна, кој е нарачателот на „Фабриката за афери на СДСМ“, дали е ова последната Фабрика за афери на СДСМ…

– Заев и СДСМ треба да и одговорат на јавноста дали подготвуваните лажни пасоши и лажни сметки и низа други конструкции кои требало да се користат во предизборниот период се директна нарачка на Заев и СДСМ, се посочува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Заев и СДСМ треба да знаат оти сите кои учествувале во Фабриката за афери ќе ја добијат заслужената казна.

– За само 122 дена граѓаните ќе ги казнат сите кои се обидуваат да си играат со трпението, интелигенцијата и волјата на народот, сите кои земјата ја држат во заложништво за да остварат свои лични цели со помош на криминални структури, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски