ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ја отфрли платформата од Тирана и ќе добие поддршка во собранието

Од:

„Аболицираниот Зоран Заев би го продал и најмилото и највредното само за да се дограби до власт. Аболицираниот Зоран Заев не чувствува ни грам одговорност кон заштита на државните и националните интереси.

Тој знае дека граѓаните го поразија на изборите одржани во декември. Мнозинството му го сврте грбот и не гласаше за неговата програма и лажните мерки и ветувања што ги нудеше.

Затоа Заев влезе во нова авантура. Одлучи да става на маса и да продава нешто што не е негово. Одлучи да ја продава и редефинира Македонија.

Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана.

Заев го прифаќа се ова само за да се дограби до власт без поддршка од народот. СДСМ ова го направи и во 2004-та година. За глас повеќе во претседателската трка одлучи да го турка Законот за територијална поделба. СДСМ ги загуби катастрофално изборите во 2006-та и следните 10 циклуси. За жал последиците сеуште ги чувствува и Струга и Кичево и цела Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е свесен дека Заев заради својата патолошка желба за власт е подготвен на се. Прифаќањето на катастрофалните уцени и на него и на СДСМ ќе им предизвика штета на среден и долг рок. Ќе бидат запаметени како уште една огромна црна дамка во историјата. Сепак за нас е поважно тоа што штетни последици од антидржавното однесување на Заев ќе трпи Република Македонија.

Затоа ВМРО цени дека е помала штетата да му се удоволи патолошката желба на Заев за власт, отколку граѓаните на долг рок да ја плаќаат цената. ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира понудата до Заев да се откаже и да ја отфрли платформата од Тирана и антидржавните проекти, а за сметка на тоа ќе ја добие поддршката во собранието“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски