ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара начин да ја избегне правдата во случајот „Поткуп“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска осврнувајќи се на вчерашното одложување на судскиот процес за случајот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ Зоран Заев е обвинет за барање поткуп, оценува дека тој бара начин да ја избегне правдата.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ наведува дека со вчерашното одложување на судскиот процес и барањето да бидат изземени јавните обвинители, Заев избрал нова тактика за да не одговара пред законот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев сака да соработува само со Специјалното јавно обвинителство, кое, како што се наведува, му ја подарило втората аболиција.

– Зоран Заев ќе одговара за криминалот и ќе врати се што украл по истиот принцип по кој крадел: евро по евро, назад кај оштетените граѓани, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела