ВМРО-ДПМНЕ: За време на власта на Заев долгот порасна за 2,4 милијарди евра

Од:

Македонија со власта на Заев меѓу другото тоне и економски. Освен што за една година се затворија над 6200 компании и скоро 60 илјади лица се нови невработени, поради нивната неспособност, криминали и неодговорно трошење на народните пари, енормно се зголеми јавниот долг велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. .

„За нецели 4 години власта на Заев создаде дополнителен долг од 2,4 милијарди евра. Тоа не може да се правда со било какова економска криза, затоа што во време на две кризи, светската економска и европската должничка криза кои се случија во време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кои траеа по неколку години, долгот за 11 години се зголеми за само 2,8 милијарди евра, а сега за неполни 4 години 2,4 милијарди евра. Патем во Македонија има рекордно низок процент на реализација на капитални инвестиции и никој не знае каде завршија овие пари. Ништо не се гради, а долгот на Македонија расте“ – стои во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ