А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За три дена, три убиства

by А1он04/03/2019 - 09:42158
Share0

„За три дена три убиства во Република Македонија. Власта потфрли и е неспособна да го гарантира мирот и безбедноста на граѓаните. Зоран Заев и Оливер Спасовски ги претворија улиците низ градовите во државата во воени боишта, никој не е сигурен за својот живот.

Следете a1on на Instagram Instagram

На 2 март е извршено убиство на средновечен маж во Тетово, на 1 март е убиено младо момче од скопско Шишево, додека на 28 февруари е застрелан маж во Струга. Република Македонија е претворена во див Запад, луѓе ги губат своите животи, а власта ништо не презема.

Овие три убиства се само дел од низата убиства, од кои голем број се нерасчистени и се имаат случено откако СДСМ е на власт.

Криминалци се чувствуваат комотно и со оружје се шетаат низ центарот на Скопје, се палат автомобили и се вршат грабежи и разбојништва скоро секој ден.

Следете a1on на Youtube YouTube

Граѓаните се исплашени за својата безбедност. Состојбата на страв која ја креираше власта резултира со граѓани кои не се сигурни кога излегуваат на улица да прошетаат или да извршат некоја своја обврска. Улиците не смеат да бидат боиште. Јавниот ред и мир треба повторно да биде воспоставен, тоа СДСМ не го може и затоа треба да си замине од власт.

Граѓаните имаат можност да им кажат НЕ на криминалот, убиствата, грабежите и разбојништвата и на претседателските избори да гласаат за Гордана Силјановска Давкова, нејзината победа ќе биде увертира за предвремени парламентарни избори, кои ќе бидат крај за Зоран Заев и оваа ненародна власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео