ВМРО-ДПМНЕ: За се она за што Заев лажеше, СЈО изгради политички случаи од тоа

Од:

„СЈО е продолжена рака на СДС, тоа е алатка за политичко жигосување, без било какви докази и аргументи.

Случаите на СЈО се без било каква правна основаност, темелени на политички квалификации наместо факти, и претпоставки кои имаат политичка цел.

Практично се она за што Заев лажеше, клеветеше СЈО изгради политички случаи од тоа. Ова нема никаква врска со правото туку со исклучиво со политика.

Сега истите прават брутален притисок врз судот. Тоа е така затоа што немаат докази, а немаат докази затоа што истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи. Обвинуваат за небулози, работи кои немаат врска со фактичката состојба. Во ниту еден од случаите кој го посочуваат не е направена штета врз буџетот, ниту пак се заобиколени случаите.

Се е политика, и наместо правен се создава политички трибунал. СЈО спроведува инквизиција во 21 век во Европа. Таргетот е само една политичка партија, таргетот се стотина души од ВМРО. Побараа одземање на четириесетина пасоши само на членови и симпатизери од ВМРО. Ваквиот монтиран и брутален политички прогон не бил никогаш во македонската држава.

Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што останаа заедно со народот единствениот бедем за одбрана на државата. Единствените кои остро, недвосмилисно се спротивставија на рушење на националните и државни интереси кои СДС ги распродаваат, единствените кои работеа за економски и политички напредок. Целата фама, целата црна пропаганда е со цел да се сруши ВМРО-ДПМНЕ, нема да успее“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он