ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ сите медиуми кои не работат по диктатот од Бихаќка се политички непријатели

Од:

СДСМ сака да спроведе медиумски тоталитаризам, да се зголемат казните за новинарите и СДСМ суверено да одлучува за одземањето лиценци на телевизиите кои не се по мерак на Зоран Заев, во манир на прав диктатор.

СДСМ поддржува напади на новинари кои се на листата на непријатели на СДСМ. Активисти на СДСМ се закануваат по живот на новинари. СДСМ спроведува хајка против непријателските медиуми која резултира со напади на редакции.

СДСМ така ја гледа слободата на медиумите. Веројатно СДСМ овие ставови ги црпи од применетите пракси во Северна Кореја и Исламската држава. За СДСМ не постои право на слобода на говор и слобода на информриање.

Ваквата пракса не е прифатлива во ниту една земја во Европа. Никаде во цивилизираниот свет не се применуваат идеите кои што ги има СДСМ на тема медиуми.

За ВМРО-ДПМНЕ прифатливи се сите европски закони кои го регулираат медиумскиот простор.

СДСМ ќе мора да прифати дека не може Зоран Заев медиумите да ги прогласува за политички непријатели и да ги затвора по наредба на својот претседател, очигледно задоен со диктаторска идеологија.

За вакви идеи нема место во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нивно спроведување.

Медиумите ќе останат слободни, далеку од тоталитарната рака на СДСМ и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски