ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од времето кога пожарите ги гасеше Јоцо Манго на Заев познаникот со 50 годишен ФАП, сега гаснат авиони и хеликоптери

Од:

За разлика од времето кога пожарите ги гасеше Јоцо Манго на Заев познаникот со 50 годишен ФАП, сега гаснат авиони и хеликоптери. Во време на СДС двата авиони за гаснење пожари беа вон функција, ниту имаше пилоти кои ќе ги летаат. Сега во функција се авионите и има потпишано договори со пилотите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од времето кога хеликоптерите се користеа за да се развозуваат Заев, Шекеринска, Ковачевски, сега се користат за гаснење на пожари. Со СДС секоја година беше кошмар. Заев се сончаше кога низ Македонија беснееше најголемиот пожар во историјата. Наместо премиерот да биде во првите редови тој се сончаше, а пожари гаснеа пожарникари од Австрија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги има под контрола пожарите. И сите институции и министрите на чело се на терен. СДС треба да се срами да напише соопштение за пожарите. Затоа што државата ја оставија руинирана. ВМРО-ДПМНЕ за неколку дена мобилизираше се што може и акцијата е многу пати поголема и поодоговорна од времето на СДС“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?