ВМРО – ДПМНЕ: За разлика од СДСМ, оваа влада го воспостави мониторинг системот за мерење на квалитет на воздухот

Од:

За разлика од СДСМ, оваа влада го воспостави мониторинг системот за мерење на квалитет на воздух. СДСМ како и за се, така и за ова немаше храброст и намера да се справува со проблемот, па одлучи дека најдобро е да не прави ништо, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ, на денешното соопштение од СДСМ за загаденоста на воздухот во Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се потенцира, го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.

– Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација, се појаснува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Градоначалникот Коце Трајановски, се потсетува, прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

– Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација, се наведува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Тенденцијата за промени на подобро никогаш не прекинала. Напротив, подвлекува ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата,владата на ВМРО-ДПМНЕ постојано прави промени на подобро, водејќи сметка за сопственото и за здравјето на граѓаните – сите дишеме ист воздух.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски