ВМРО-ДПМНЕ: За побрзо време се смисли вакцина против корона, отколку што Филипче и Заев се способни да набават

Од:

„Побрзо се дојде до формулата за вакцина отколку што Заев и Филипче се способни да набават вакцина против корона.

Одложувањето на првата долгоочекувана пратка вакцини од Србија е уште еден во низата докази за неспособноста на Заев и Филипче“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво рекоа, Грција ќе прати вакцини за Македонија. Потоа Филипче замина за Бугарија и рече Бугарија ќе даде вакцини за Македонија.

А рекоа ќе има вакцини од КОВАКС механизмот, директно ќе преговараат со производителите на вакцините.

Фактот е еден, ситуацијата многу јасна – во Македонија нема ниту една вакцина, а средина на февруари е.

Додека сите трчаа по договори за вакцини, Филипче и Заев се возеа на КОВАКС, се возеа на тоа дека нив некој ќе им даде вакцини!

Што мислеа ќе им паднат од небо вакцини?! Ваква брука не е видена! Ваква неспособна екипа не е видена! Заев и Филипче немаат срам!

Наместо да шират лаги и да се правдаат со глупави соопштенија треба да седнат и да си ги потпишат оставките!“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус