ВМРО-ДПМНЕ: За мнозинството Македонците менувањето на името претставува национален срам и предавство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев.

„За луѓе кои немаат никакви чувствува кон македонскиот идентитет, историја традиција и култура, нема ништо болно и тешко во бришење на името Република Македонија.

За мнозинството Македонци ова претставува национален срам и предавство.

Зоран Заев нема проблеми еден ден да гарантира дека нема да го менувал Уставот бидејќи бил одличен и европски, а веднаш потоа да прифати се што побарала Грција од него. Нема проблем заради тоа што измамникот Заев знае дека мора да ги продава државните и национални интереси за да ги покрие криминалните тендери преку кои Вице и Кочо ги ограбуваат граѓаните.
Зоран Заев лаже, а кој лаже тој и краде.

Зоран Заев ја погреба демократијата во Македонија. Тој не поседува никакви демократски капацитети, а уште помалку европски вредности. Тоа јасно го покажа кога како на тезга со корупција, уцени и закани обезбедуваше мнозинство во парламентот. Заев е одговорен за газењето на уставот, законите, демократските процедури и принципи и најважно од се газењето на волјата на граѓаните.

Со тоа само создаде дополнителни поделби во општеството и ја наелектризира целокупната состојба во државата и за тоа единствено одговорен е Зоран Заев и криминалниот картел на власт.

Тој мисли дека со пари, уцени и закани може да купи се, но не може да ја купи волјата на граѓаните.

Целокупниот процес поврзан со штетниот и капитулантски Преспански договор беше нетранспарентен и очекуваме да продолжи на истиот начин . Тоа граѓаните веќе јасно го видоа од овој човек и тоа граѓаните ќе го казнат порано или покасно“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски