ВМРО-ДПМНЕ: За една недела имаме 2000 заболени, бројка над која Филипче тврдеше дека нема да оди бројот на заразени

Од:

„Кога ќе помислиш дека дното е пробиено, СДСМ те демантира. Од ден во ден имаме се повеќе заразени од коронавирус. Бројката од 386 луѓе во текот на вчерашниот ден е најголемиот број на заразени луѓе во еден ден во Македонија.

За само една недела од 02.10.2020 до 09.10.2020 година имаме над 2000 заразени.

За само една недела имаме заразени колку што Филипче тврдеше дека ќе имаме во текот на целата пандемија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројот на заразени во изминатава недела е доказ дека Филипче нема ниту капацитет, ниту стратегија за да се справи со ова зло.

Наместо реална борба со коронавирусот ние од Заев и Филипче имаме само евтин ПР, за секојдневни ситни политички поени.

Буквално секој ден е нов пик. Македонија се уште не е излезена од првиот бран на коронавирус, кој никогаш не ни завршил. А ни претстои уште поголем есенски бран.

Во последните неколку дена имаме галопирачки раст на бројките, а се што прави Заев е уставно кршење на приватноста на граѓаните.

Наместо безидејност, граѓаните бараат одговорност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му