ВМРО-ДПМНЕ: За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена

Од:

„За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена. Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште.

Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово.

Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје.

Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта.

Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони.

Време е да ставиме крај на политичарите печалбари“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ